ТОП,Македонија

Британски Мирор: Величествената Македонија – една од неоткриените убавини во Европа

Британски Мирор: Величествената Македонија – една од неоткриените убавини во Европа

Можеби целосно е на копно, но има доста историја, храна и забава на вода во оваа прекрасна Балканска земја. Вака Лора Милор ја започнува нејзината статија во која ги опишува убавините на нашата земја, објавена во британски „Мирор“.

Во продолжение проследете дел од нејзиниот патепис:

Девет часот наутро, се наоѓам во едно од кафулињата на кристално чистото Охридско Езеро. Сопственикот ми препорача да пробам рибја чорба за појадок. Очекував чинија полна со рибји глави и опашки, но реков ќе пробам. Ми донесоа прекрасен оброк  подготвен од свежа, штотуку уловена риба. Сето тоа ме чинеше помалку од 1,2 фунти.

Историскиот град Охрид е веројатно најпопуларното туристичко место за коешто никогаш немав слушнато. Се наоѓа во југозападниот дел на оваа балканска земја, која беше дел од Југославија. Таму доаѓаат илјадници туристи од цел свет за да уживаат во прекрасниот Охрид, кој е заштитен од УНЕСКО и преполн е со православни цркви.

Во Македонија има над 50 езера, три огромни национални паркови и неколку региони во кои се произведува грозје. Од него се произведува феноменално, но и навистина евтино вино.

Дојдов во Скопје, родното место на Мајка Тереза, кое ме потсети на Лас Вегас. Има прекрасни стари населби, а најмногу сакав да шетам во Старата чаршија. Лавиринт од камени улици со кафулиња, примамливи пекарници и продавнички.

Но пред пет години, Владата го разубави градот кој во 1963 година беше уништен од земјотрес. Изградиле статуи на некои од најголемите ликови од македонската историја, како Александар Велики и Кралот Филип II

Покрај кејот на реката Вардар има неколку градби за кои подоцна дознав дека се музеи или службени згради.

Macedonia-Travel-PROD (1)

На само 20 минути од главниот град, отидов во кањонот Матка. Прекрасно место кое го „сече“ реката Треска, каде се наоѓаат десетици пештери. Патував со брод до пештерата Врело.

Можеби е опколена само со копно, но има огромна историја, храна и одлична забава во оваа балканска земја.

Патувањето низ Македонија е одличен начин за да се запознае оваа фасцинантна, но потценета земја.