Свет

Британски научници: За поголема заштита пилешкото месо да се замрзне

Британски научници: За поголема заштита пилешкото месо да се замрзне

Британските научници препорачуваат пилешкото месо да се замрзне и да се одмрзне пред употреба, пишува Деjли меил.

Претставниците на Јавното здравје во Англија препорачуваат дека граѓаните може да се заштитат од труење со храна и штетни бактерии така што ќе го замрзнат пилешкото месо и ќе го одмрзнат целозно пред готвењето.

– Потрошувашите ќе ја намалат изложеноста на бактерии доколку конзумираат смрзнато пилешко месо, наместо свежо, вели д-р. Фрида Јоргенсен.

Темелното готвење на месото е добро, но сепак голем број луѓе заболуваат, што ја чини Британија околу 9 милиони фунти годишно за здравствени услуги и пропуштени работни часови.

Процесот на замрзнување дава дополнителна заштита доколку месото не е доволно сварено.

– Замрзнувањето го намалува ширењето на бактериите, потенцира Др. Јоргенсен и додава дека научниците веруваат дека со процесот на смрзнување бактериите може да се намалат за 90 отсто.