Британски нуркачи пронајдоа четири тона нацистичко злато

Британски нуркачи принашле на потонат германски товарен брод од Втората светска војна сандак со злато, за коешто се верува дека им припаѓало на нацистите.

Компанијата „Advanced Marine Services“ нашла четири тони злато, за коешто се претпоставува дека било подигнато од јужноамерикански банк, на бродот SS „Minden“ кој потонал на 24 септември 1939 година, кусо пред избувнувањето на Втората светска војна.

Според весникот Daily Mail, бродот пловел од Бразил кон Германија и потонал на околу 190 километри од брегот на Исланд во септември 1939 година. Според некои информации, германскиот нацистички водач Адолф Хитлер му наредил на капетанот да го потопи бродот, кога тој бил откриен од британската флота.

Од „ Advanced Marine Services“ побарале од исландската влада дозвола за да направат дупка во трупот на бродот за да дојдат до сандакот. Според весникот The Sun, компанијата сега сака да го пренесе златото во Британија.

Цената на пронајденото загубено благо се проценува на сто милиони британски фунти.

Претходно крајбрежната стража на Исланд ги обвини нуркачите на компанијата дека тие трагаат по остатоците од германскиот брод без дозвола од локалните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.