Свет

Британски политичар: Геј браковите ги предизвикуваат поплавите

Британски политичар: Геј браковите ги предизвикуваат поплавите

Британскиот политичар од редовите на Независната партија на Обединетото крластво (УКИП), Дејвид Силвестер, изјавил дека невремето и поплавите кои што неодамна ја зафатија Велика Британија се последица од одлуката на владата во Лондон да се легализираат хомосексуалните бракови.

Силвестер, кој во оваа партија пребегнал од Конзервативната партија на чие чело е премиерот Дејвид Камерон, ги изнел овие неверојатни тврдења во писмо упатено до локалниот дневен весник.

„Во април 2012-татат година му пишав на Дејвид Камерон да го предупредам дека по усвојување на законот за истополни бракови ќе следат катастрофи“, пишал Силвестер.

Портпаролот на УКИП, партијата со анти-имигрантски ставови, изјавил дека „партијата не го дели мислењето на Силвестер, но дека тој има право да ги изнесе своите ставови“.