Британски трговец со енергенси мора на сопругата да ѝ исплати 583 млн долари

Лондонски трговец со нафта и гас мора на поранешната сопруга да ѝ плати 538 милиони американски долари или 41,5 отсто од своето богатство, во една од најголемите бракоразводни парници во историјата на Англија.

Мажот, на 61 година чиј идентитет не е објавен, ја запознал 44-годишната сопруга во 1989 година во Москва каде што студирала, а се венчале четири години подоцна, се наведува во документите на судот во Лондон.

Трговецот роден на Каваз заработил големо богатство во рускиот енергетски сектор, продавајќи го во 2012 година уделот во својата компанија за 1,37 милијарди долари.

Неговата сопруга, којашто е по потекло од источна Европа и која во бракот била домаќинка, станала британска државјанка во 2000 година и ги растела двете деца во место јужно од Лондон.

Таа рекла дека имотот на сопругот вреден повеќе милијарди долари е „стекнат во долгиот брак со подеднаков придонес на двете страни во богатството на семејството“, се наведува во пресудата.

Жената додала дека куќата во Лондон ѝ е потребна за да биде во близина на двата сина, а вилата на југот од Франција за да би можела да ги гледа во текот на летните ферии.

Судијата во рамките на спогодбата на жените ѝ доделил и луксузен автомобил „Астон Мартин“ вреден 300.000 фунти, како и збирка дела од модерната уметност проценета на 90 милиони фунти.

Сега поранешниот маж, кој има доживотна дозвола за престој во Велика Британија, не ја оспорувал одлуката на судот, но тврдел дека сепак повеќе од сопругата придонел за семејното богатство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.