Свет

Британски туристи пронајдени унаказени на Тајланд

Британски туристи пронајдени унаказени на Тајланд

Двајца млади британски туристи пронајдени се мртви на една од тајландските плажи со „морничави повреди на главите“. Во моментот на пронаоѓањето, телата биле голи, во близина на плажата на која претходната вечер била одржана забава.

Девојката (23) и момчето (24) биле пронајдени на камената плажа Кох Тао.

Вратот на девојката бил пресечен, додека момчето имал голема рана на тилот. Облеката била пронајдена недалеку од местото на злосторстото  како и мотиката за која постои сомнение дека е оружје со кое е извршено убиството.

Постојат индиции дека девојката претходно била силувана.