Британскиот музичар Стинг ги лиши децата од наследство

Славниот британски музичар Стинг тврди дека нема да им остави ништо од своето богатство вредно 180 милиони фунтина своите деца.

Поранешниот фронтмен на групата „Police“, кој денес важи за еден од најуспешните рок уметници во светот смета дека неговите деца треба самите да си го пробијат патот низ животот.

Тој вели дека неговите три сина и три ќерки треба да работат.

-Моите деца нема да добијат ништо од моето богатство. Тие мораат сами да заработат за живот, истакнал Стинг.

Им реков дека и онака нема да останат многу пари, бидејќи постојано трошиме, додава музичарот кој својата кариера ја започнал во сиромаштија.