Свет

Британскиот Парламент изгласа да се признае Палестина за држава

Британскиот Парламент изгласа да се признае Палестина за држава

Долниот дом на британскиот Парламент вчеравечер со 274 гласови за и 12 против усвои необврзувачки предлог да се признае државата Палестина, по шестчасовна дебата.

Тоа нема да ја промени официјалната блискоисточна политика на Владата, но е важен симболичен гест во поддршка на каузата на Палестинците, кои сакаат да имаат своја држава.

Премиерот Дејвид Камерон, членовите на Владата, како и многу пратеници, не гласаа.

Дебатата во британскиот Парламент уследи по неуспехот на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците во април и по разорната војна меѓу израелската војска и Хамас, во која загинаа 2.200 Палестинци и 73 лица на израелска страна