Британските конзервативци победници на локалните избори

Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј победи на локалните избори одржани во четвртокот, додека опозициските лабуристи, UKIP и либералните демократи освоија помалку советнички места отколку на претходните избори, покажаа првичните резултати објавени во петокот.

По околу петтина од објавените резултати, конзерватиците освоиле стотина нови места во локалните совети, лабуристите загубиле 60 места, а антиевропската UKIP го загубила сите 30 места коишто ги освои на претходноте локални избори.

Изборите беа одржани за околу пет илјади советници во Англија, Велс и Шкотска, за 88 во вкупно 419 локални совети, а резултите се сметаат за важен показател за расположението на британските гласачи во пресрет на парламентарните избори кои се закажани за 6 јуни.

Станува збор за прв голем тест за премиерката Тереза Меј, во атмофера на тензии со Брисел во врска со истапувањето на Велика Британија од Европската унија. Парламентарните избори ќе се одржат речиси една година по историскиот референдум од 23 јуни 2016 година за напушањето на ЕУ чиишто резултати предизвикаа длабоки поделби меѓу Британците, но и меѓу Лондон и оние делови од Обединетото Кралство, како Шкотска и Северна Ирска, каде што гласачите во мнозинство се изјаснија за останување во ЕУ.

Британските предвремени избори беа распишани по иницијатива на Меј, којашто се надевадека ќе го зајакне своето мнозинство во парламентот во Вестминстер пред да ги започне преговорите за Брегзитот.