Британските конзервативци се пред уверлива победа на изборите

Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон е победник на парламентарните избори во Велика Британија, иако се уште трае броењето на гласовите.

Остануваат да се потврдат уште четириесетина пратенички места, од кои конзервативците очекуваат да извојуваат уверлива победа, многу поголема отколку што тоа го предвидуваа анкетите за испитување на јавното мислење, како проценката што беше објавена ноќеска, врз основа на излезноста на гласачите, пренесува МИА.

Според досега потврдените пратенички места, конзервативците веќе имаат 315 пратеници во Долниот дом на Парламентот.Ним сега им се потребни само уште десет пратенички места, за да може самите да ја формираат новата британска влада.
Лабуристите на Ед Милибад кои веќе го признаа поразот, досега имаат обезбедено 228 пратенички места, далеку од можноста за формирање на малцинска влада, или за формирање на било каква коалиција, но тие се речиси „збришани„ од Шкотската нацинална партија (СНП) на Никола Старџен на северот од Велика Британија, што само придонесе за големината и тежоната на нивниот пораз.
Во Шкотска,  СНП успеа да победи во 56 од вкупноте 59 изборни едници, претворарјќи се во трета политичка сила во Вестминстер.Досега оваа сепартистичка и национално определана партија, имаше само шестмина свои пратеници во Пралемнтот во Лондон, сега 50 пратеници повеќе.
Без разлика какви ќе бидат резултатите на крајот, најголем губитник се либералдемократите и нивниот лидер Ник Клег кој од досегашен каолиционан партнер во владата, се претворија во маргинална партија што сега има само осум пратенички места, наместо досегашните 57.
Лидерот Клег успеа да го задржи своето место во Парламентот, но ги загубија тројца досегашни министри од оваа партија-Даглас Александар, Ед Дејви и Винс Кејбл, а пратеници не се повеќе ниту поранешниот лидер Чарлс Кенеди и угледниот политичар од оваа партија Сајмон Хјуз.
Фијаско преживеа и евроскептичната и антимимигрантска Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП) која досега има обезбедено само едно пратенички место,а се уште не се знае дали лидерот Најџел Фараж ќе стане пратеник,затоа што во неговата изборна едница се пребројуваат гласовите.
Камерон засега одбива да ги коментира изборите и посебно можноста Конзервативната Партија сама да формира влада, што претходно никој не го предвидуваше. Тој останува премиер и веќе се врати во Даунинг стрит 10, заедно со својата сопруга Саманта, но само кусо рече дека ќе управува во интерес на сите во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.