Британските муслимани го осудија теророт во Париз

Британските муслимани го осудија теророт во Париз
Британските муслимани го осудија теророт во Париз

Стотици муслимани ги осудија терористичките напади во Париз и положија Заклетва на верност кон „вредностите на плурализмот и толеранцијата“.

Со пораката го критикуваат „варварскиот чин“ на бомбашите кои убија 129 луѓе во главниот град на Франција, минатата недела.

Тие, исто така го пофалија чуварот кој работеше на Стад де Франс во времето на нападот, кој е муслиман, велејќи дека на „храбри поединци“ како него треба да се гледа како на вистински претставници на исламот.

Нивната објава во „Дејли телеграф“  е организирана од страна на Муслиманскиот совет на Велика Британија,  во име на повеќе од 300 локални џамии, општествени групи и универзитетски исламските општества.

Големо мнозинство од муслиманите во Велика Британија и на други места ги осудија бруталните напади во Париз.

британија

Јавната објавува на Муслиманскиот совет на Велика Британија гласи: „Со еден глас, британските муслимани ги осудуваме безрезервно напаите во Париз. Сочувствуваме со  жртвите и нивните семејства.

Во исламот се забранува тероризмот. Муслиманите одржаа бдеење и даруваа крв за жртвите. Тие терористи не ја претставуваат нашата вера, туку  храбри поединци како чуварот Стад де Франс, Зухер,  кој го ризикувал својот живот за да ги запре напаѓачите.

Ние повторно ја потврдуваме нашата посветеност кон вредностите на плурализмот и толеранцијата како најдобра одбрана против оние кои сакаат да создадат поделба и страв.

Целта на напади како оние кои се нанесени на Париз и во други градови низ светот е да ги турнете заедниците едни против други. Како муслимани, Британци и Европејци, ние мора да се обединиме за да се осигураме дека тие нема да успеат во својата намера.

британија1

Муслиманските организции тврдат дека инцидентите поврзани со исламофобија имаат тенденција да се зголемат по терористичките напади и пкрај фактор што речиси сите муслимани се мирољубиви.