Британските парламентарци апелираат да се одложи Брегзит

Лондон би требало да размисли околу можноста да се одложи Брегзит бидејќи нема да има доволно врема да се постигне спогодбата со ЕУ пред Британија да ја напушти унијата за една година, соопшти денеска клучната комисија на британските пратеници.

Комисијата на Долниот дом на британскиот парламент за излегување од ЕУ во соопштението наведува дека, ако главните аспекти од идните односи со Унијата останат нерешени до октомври, Британија би требало да тежнее кон „ограничено продолжување“ на своето членство во тој блок, пренесува АП.

Пратениците истакнуваат дека за предложениот преоден рок од околу две години би требало да постои можност за продолжување во случај на потреба. Во извештајот исто така се изразува загриженост поради недоволниот напредок во решавање на клучното прашање на одржување на отворената граница меѓу Северна Ирска и Република Ирска по Брегзит.

Лондон и Брисел начелно се согласиле дека Британија ќе продолжи да биде дел од структурата и прописите на ЕУ до крајот на 2020 година. Двете страни сакаат спогодбата за идните односи да биде постигната до есен за да националнитее парламенти би можеле да ја одобрат пред Британија офиццијално да го напушти блокот на 29 март 2019 година.

Седумина од 21 пратеник во Комисијата, кои се залагаат за Брегзит, одбиле да го подржат извештајот, подговтвувајќи алтернативна верзија со бескомпромисен тон кон ЕУ.