Британските пратеници во Европарламентот со свртен грб кон знамето и химната на ЕУ

На почетокот на седницата на Европскиот парламент, за време на интерпретацијата на химната на ЕУ, пратениците од партијата на Независноста на Велика Британија, со грб се свртиле кон знамето на ЕУ.

Ваквиот акт бил нивен почеток на протест  со цел ослободување на граѓаните од законодавството на ЕУ.

Ова наиде на бурни рекации како во Парламентот така и кај западните медиуми.

„Ние не ја признаваме, ниту ја почитуваме химната и знамето на ЕУ. И химната и знамето се симболи на нашето потчинување во границите на една политичка заедница, која британскиот народ не ја сака. Ние ќе направиме се што е во наша моќ за да се спротиставиме на федералистичкиот систем, кој ја игнорира нашата националност, демократија и ги носи жителите ширум Европа во сиромаштија и невработеност. Ние се залагаме за народот а не за химната и знамето на ЕУ“, изјавил Пол Нутал, член на партијата.

parlament1