Британските служби се убедени дека знаат каде е произведен нервниот агенс

Британските разузнавачки агенции веруваат со висок степен на веројатност дека го утврдиле местото на коешто се наоѓа „тајна руска лабораторија“ во којашто бил произведен нервниот агенс кој бил применет во јужниот англиски град Солсбери против поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, пишува во четвртокот лондонскиот магазин The Times, повикувајќи се на извори во безбедносните служби.

Сепак, соговорниците на веснкот не ја откриваат локацијата каде се наоѓа наводната „руска тајна лабораторија“. Изворите тврдат дека со помош на научни анализи и разузнавачки ресурси на британската влада успеале само по неколку дена од инцидентот на 4-ти март во Солсбери, да го идентификуваат „веројатниот извор“ на производството на токсичната супстанција. Неименуван владин извор на The Times рекол дека министерскиот кабинет поседувал голем број информации за тоа каде е произведена отровната супстанција, уште во времето кога владиниот комитет за итни случаи COBRA го одржал состанокот на 7-ми март, односно само три дена по инцидентот.

Соговорникот вели дека веќе во тој момент „со многу голема веројатност можело да се претпостави дека супстанцијата била произведена во Русија“. Сепак, тој изнесува мислење дека изворите во бртианските безбедносни служби не тврдат со 100-процентна сигурност дека ја знаат точната локацја на лабораторијата, но оти степенот на нивната убеденост е многу голем. Тие, исто така, веруваат дека руската страна „изведувала тестирања за да утврди дали може да го искористи ’новичок’ за политички мотивирани ликвидации“.

Во средата британското министерство за надворешни работи призна дека е отстрането соопштението од неговиот акаунт на Twitter од 22-ри март, во коешто се твдеѓе дека научници во воената хемиска лабораторија во Порт Даун, на само 7 километри од Солсбери, утврдиле дека нервниот агенс „новичок“ наводно бил произведен во Русија. Од Форин офисот информираа дека „соопштението било објавено на Twitter директно во текот на брифингот на британскиот амбасадор во Москва“ Лори Бристоу, чиишто зборови биле „некоректно“ интерпретирани.

Отстранувањето на твитот се случи откако директорот на воено научно-техничката лабораторија во Порт Даун, Гери Ејткенхед изјави дека тамошните експерти го идентификувале нервниот агенс со кој биле затурени Скрипал, како „новичок“, но притоа лабораторијата немала задача да навлегува во тоа каде е произведена супстанцијата. Ејткенхед додаде дека за производство на отровот неопходно е да се поседува извонредно добро опремена лабораторија која може да се има „само со државна поддршка“.

Истовремено во средата челникот на опозициска та Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека шефот на британската дипломатија Борис Џонсон „ја заведува јавноста“ со своие изјави за стопроцента убеденост дека отровната супстанција била произведена во Русија. Во својот одговор Џонсон, пак, го обвини лидерот на лабуристите дека „ја игра руската игра“.