Британските специјалци ги обучуваат Курдите во Ирак

Специјален воен тим од 12 припадници на британските сили ги обучуваат Курдите за борба против екстремистите на Исламската држава во Ирак, соопшти британското министерство за одбрана.

Минатиот месец, британското министерство обезбеди за курдските сили познати како Пешмерга, 40 митралези и илјадници метци.

Велика Британија донираше оружје на северот на Ирак и авион од типот „Торнадо“.

Би-Би-Си наведува дека британската тренинг мисија доаѓа среде тешки броби меѓу сириските Курди и борците на ИС во градот Кобан во Сирија.