Британското кралство со нови монети во чест на принцезата

Британскиот монетен двор соопшти дека ќе пушти во оптек 2 серии монети во чест на раѓањето на новата британска принцеза, ќерката на  Војвотката од Кембриџ Кетрин и принцот Вилијам.

Кејт го роди второто дете на 2 мај. Малата принцеза е 4-та во редицата за наследување на тронот после принцот Џорџ,  таткото Вилијам и дедото, принцот Чарлс.

Номиналната вредност на сребрените монети ќе биде 5 фунти а вкупно ќе има 9.500. Монетите ќе бидат изработени  од сребро со чистота 925, ќе тежат 28,28 грама и ќе бидат со дијаметар 38,61 милиметри.

Златните монети пак, ќе бидат јубилејни и од нив ќе бидат пуштени само 750 кои ќе се продаваат по цена од  500 фунти. Монетите ќе бидат изработени од 22-каратно злато, ќе тежат 7,988 грама и ќе бидат со дијаметар 22,05 милиметри.