Брижит Бардо наполни 80 години

Таа е првата актерка која се појави на филмското платно во бикини во педесетите години на 20 век и предизвика скандал. Жената која по повлекувањето од јавниот живот се посвети на грижа за животните, славната Брижит Бардо вчера го прослави својот 80 роденден.

Крајот на педесетите и шеесетите години, познатата Брижит Бардо беше вистинско олицетворение на сексапил, женска сензуалност, шарм и неодолива привлечност.

Во детството била позната под прекарот Бебе, а под името Брижит Бардо на филмското платно дебитира во 1952 година. Вистинското име и е Камил Жава.

1bb

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.