Брижит Бардо ќе објави книга-тестамент

Поранешната француска филмска дива Брижит Бардо која веќе четири децении се бори за права на животните на 25-ти јануари ќе ја објави „книгата тестамент“ којашто ја претставува како „биланс на својот живот, својата борбата во полза на животните и длабока исповед на своето згрозување“, најви во вторникот за француската новинска агенција AFP.

„Ќе биде тоа биланс од моето постоење. Ќе се вика ’Борбени солзи’. Никогаш повеќе нема да напишам друга книга. Тоа ќе биде тотален биланс на моето гледање на нештата, општеството, начинот на кој се управува со нас, начинот на кој се однесуваат кон животните во мојата земја“, изјавила Брижит Бардо.

Издавачката куќа „Plon“ делото го претставува како „животински тестамент“ и „ново размислување, истовремено смирено и револтирано, за нејзиното постоење и смслата на нејзината борба“.

Претходната книга на славната БеБе беше објавена во 2003 година. Делото под наслов „Крик во тишината“ полемизира со радикалните ставови.

Ѕвездата којашто беше лансирана на филмското небо со филот „И Господ ја создаде жената“ на режисерот Роже Вадим од 1956 година, денес 83-годишна, живее повлечено на својот имот во близина на Сан Тропе, од каде оваа пламена активистка за правата на живтоните ги објавува жестоките соопштенија против, ловците, зоолошките градини, кланиците и циркусите, осудувајќи го дури и папата Франциск во септември поради недостог од „милосрдие“ кон животните.

Следната седмица во дневниот весник Le Parisien Бардо треба да објави отворено писмо до француската влада, по повод покренувањето на кампањата против крзното, од фондацијата којашто го носи нејзиното име.

„Многу лошо тргнавме со оваа влада. Макрон нема милост кон животните и природата. Штотуку во дворецот Шамбор (каде што минатиот викенд го прослави својот 40-ти роденден – з.р.) им честиташе на ловците пред нивниот сé уште топол улов! Тоа е скандалозно и многу неумесно!“, изјави Брижите Бардо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.