Свет

Брижит Макрон и Меланија ги „истакнаа“ своите задници

Брижит Макрон и Меланија ги „истакнаа“ своите задници

Американската претседателската двојка Доналд и Меланија Трамп вчера им посакаа добредојде на француските „колеги“ Емануел и Брижит Макрон во Белата куќа, но како и секогаш медиумите ја искористија можноста да ја споредат нивната убавина и од друг агол, односно одзади.

Ова за многумина е интересна ситуација, не само од аспект на политика, туку и од моден. Модниот двобој всушност и не беше тоа, бидејќи и двете останаа доследни на својата естетика и презентираа комбинации на кои и не можете да им најдете многу недостатоци.

Брижит (65) се појави во пастелно жолт „Луј Витон“ мантил со црни детали. Го усогласи со црни салонки на висока потпетица и црна чанта, а под мантилот има фустан во истата нијанса и од истата модна куќа.

Од друга страна, Меланија (47) се одлучи за сосема црна комбинација, фустан и пелерина од модната куќа „Долче и Габана“. Кога се чевлите во прашање, остана доследна на „Лобутин“ и високите потпетици.