Брнабиќ: Македонија останува воздржана за влезот на Косово во УНЕСКО

Македонија ќе биде воздржана доколку дојде до гласање за членство на Косово во УНЕСК, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ, по разговорот со македонскиот колега по должност Зоран Заев кој во ноември ќе го посети Белград, на маргините на неформалниот самит на лидерите од западен Балкан во албански Драч, пренесе РТС.

„Македонија ќе остане на истата линија, односно ќе биде неутрална ако се гласа за влез на Косово во УНЕСКО“, рече Брнабиќ. Српската премиерка појасни дека македонскиот колега ѝ го потврдил тоа што го ветил на самитот на западнобалканската шестка во Трст.

Во нивниот разговор било констатирано дека на Македонија ѝ е многу важно пријателството со Србија и дека тоа ќе биде јасен сигнал на силно пријателство и силна врска со Србија, така да, како што рече Брнабиќ, очекувам тоа прашање да не се отвора. Притоа српската премиерка нагласи дека Заев ќе ја посети Србија во ноември.

„Денеска разговарав со Заев за настаните во изминатите денови. Имаме доста добро разбирање околу натамошните чекори во нашата соработка, го повикав и се договоривме да ја посети Србија во ноември“, рече Брнабиќ.

Според неа, тогаш ќе се договори најавеното одржување на заедничка владина седница на Србија и Македонија.

Македонија ќе биде воздржана доколку дојде до гласање за членство на Косово во УНЕСК, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ, по разговорот со македонскиот колега по должност Зоран Заев кој во ноември ќе го посети Белград, на маргините на неформалниот самит на лидерите од западен Балкан во албански Драч, пренесе РТС.

„Македонија ќе остане на истата линија, односно ќе биде неутрална ако се гласа за влез на Косово во УНЕСКО“, рече Брнабиќ. Српската премиерка појасни дека македонскиот колега ѝ го потврдил тоа што го ветил на самитот на западнобалканската шесторка во Трст.