Брнабиќ: Заев ми вети дека Македонија нема да гласа за влез на Косово во УНЕСКО

Премиерот на Србија изјавила дека нејзиниот македонски колега Зоран Заев и ветил оти Македонија нема да гласа за приемот на Косово во УНЕСКО, објавува ТАНЈУГ, пренесува НетПрес.

Таа рекла дека Заев ветувањето и’ го дал на самитот на Берлинската иницијатива, кој неодамна се одржа во италијанскиот град Трст.

Тој ми вети дека неговата земја ќе се воздржи од гласањето за прием на Косово во УНЕСКО, а во овој момент мене тоа ми е најважно, лидерите од регионот да се држат до својот збор, изјавила Брнабиќ.

Таа дополнилна дека премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, си го одржал својот збор по прашањето за „трговскиот спор“ со земјите од регионот, онака како што тоа го изнел во разговорите кои ги имале.