Брод со 300 бегалци од Сирија во опасност да потоне

Кипарските власти реагираа по добиениот сигнал дека брод со 300 бегалци од Сирија е во опасност од потонување на отворено море на 50 морски милји од пристанишниот град Пафос, објави весникот „Филелефтерос“.

За укажување помош кон местото на инцидентот веднаш тргнал брод-крузер, а паралелно со тоа се дадени упатства за упатување и на уште два брода и два хеликоптера.

Според првичните информации, меѓу 300-те сириски бегалци има многу жени и деца.

Во близина на бродот во опасност се наоѓа и танкер, што плови под знамето на Малта, како и еден товарен брод.