Брод со бегалци потона во близина на турскиот брег

Потона чамец со мигранти на либискиот брег - околу 40 се удавиле
Потона чамец со мигранти на либискиот брег - околу 40 се удавиле

Најмалку седумнаесет бегалци загинаа денес откако бродот со кој патувале се превртел во близина на турското летувалиште Бодрум.

Бродот со бегалци пловел кон грчкиот остров Кос.

Гувернерот на турската провинција Мугла, Амир Чичек информирал дека осум метри долгиот брод потонал рано утрово кај брегот на турскиот остров Чавуш.

На бродот се наоѓале 37 лица. Нашите колеги спасија 20 луѓе и ги пронајдоа телата на 17 лица, рекол Чичек и додал дека ниту еден бегалец не се води како исчезнат.

Во тек е истрага за несреќата.