Брод со над 450 патинци потона во река во јужна Кина

Туристички брод во кој се наоѓале 458 патници и членови на екипажот, потона синоќа во реката Јангце во јужиот дел на Кина, јави ТАСС.

Досега се спасени само дваесетина лица, а спасувачката операција продолжува и натаму, иако е отежната од поројниот дожд и силниот ветер што го зафатија регионот. Во спасувачката операција учествуваат 34 брода.

Хсинхуа јави дека на местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.

Според кинеските власти, сите лица присутни на бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“), односно 406-те патници, 47-те членови на екипажот и петмината претставници на туристичката агенција организатор на патувањето, се државјани на Кина.

Бродот пловел од градот Нанџинг кон Чонгчинг, место во југозападниот дел на Кина.

Кон местото на бродолот утрово се упати и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој притоа повика да се вложат сите сили за пронаоѓање и спасѕување на настраданите патници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.