Бројката на загинати во бродската несреќа на Јанце достигна 97 лица

Билансот на загинатите лица на кинескиот крузер кој се преврте во реката Јанце достигна 97 лица.

Спасувачката мисија стана операција за извлекување на стотици тела од бродот, кој превезувал 456 лица, кога се превртел при ненадејна бура во понеделникот вечерта.

Пронајдени се само 14 преживеани од несреќата, меѓу кои и капетанот на бродот.

Спасувачите, од кои повеќето се војници, работеле цела ноќ за да го исправат бродот. Снимките на државната телевизија го прикажуваа четирикатниот брод, кој целосно беше превртен.