Свет

Бројката на загинати во земјотресот во Непал се искачи на 6.204

Бројката на загинати во земјотресот во Непал се искачи на 6.204

Бројот на загинатите од земјотресот во Непал достигна 6.204, а повредени се околу 14.000 лица, ги соопштија денеска непалските власти најновите податоци, пренесува БТА.

Осум милиони од 28-те милиони жители на земјата се погодени од несреќата, меѓу кои 1,7 милиони се деца, соопшти ОН.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала го погоди Непал на 25 април, што е најсмртоносниот потрес во оваа земја во последните 80 години.