Четири први награди за „Еурека“ во Банско!

Студиото за модерен балет и хип-хоп „Еурека“ на престижниот натпревар „Morning star“, кој се одржа во Банско (Бугарија), од 30 ноември до 3 декември, освоија повеќе награди.
Нашите танчари кои настапуваа во различни возрасни групи, на овој меѓународен натпревар освоија четири први места, едно второ, две трети и едно чеврто место.

Тие се претставија со соло, дуо и групни хип-хоп настапи.

Претставниците на „Еурека“ беа дел и од семинар за хип-хоп воден од Реми Тоин од Нигерија, при што се здобија со високо квалификувани сертификати.

Пред само две недели, на 18-ти и на 19-ти, 60 членови на ова студио учествуваа и на натпревар „Dance fest Novi Sad“, и дома се вратија со три први места и едно трето место, во конкуренција со 15 други кореографии.

На овој натпревар, танчарите беа дел од хип-хоп семинар под водство на  Миограг Цветковиќ-Миша.

Кореографи кои работеа за овие два натпревари се: Јана Андрејевиќ Лазарова, Иван Ангеловски, Теодора Јолакоска и Тамара Богатиновска.