Бројните проекти за младите дебатирани и презентирани на трибина на Институтот „Павел Шатев“

Младите во Македонија се сведоци на позитивните промени во општество. Бројните проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведе во насока на подобрување на животот на младите изминативе 10 години, потекнаа токму од нив.

На тема „Проекти за млади и младинска политика“ денеска во Дом на АРМ, во организација на Институтот „Павел Шатев“, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски ја отвори дебатата потсетувајќи се и правејќи паралела на живото на младите денес и оној пред 10 години.

Искана дека секогаш се таргетирале сите групи на млади и области подеднакво. Потсети на периодот кога средношколците купуваа книги, а само оние кои имаат повеќе финансиски средства можеа да си дозволат нови и неоштетени учебници. И на периодот кога високото образование беше достапно само са „повисоките слоеви“ во општеството.

Денеска сликата е поинаква, образованието е подеднакво достапно за сите преку дисперзираните студии со намалената школарина , а средношколците учат од бесплатни учебници.

-За младите кои студираат овозможивме да им биде подостапна светската литература. Преку проектот „1.000 книги“ кој што е во завршна фаза и се преведени голем број светски автори а ќе се преведуваат книги и во наредниот период. Со овој проект младите луѓе немаат веќе потреба да учат од скрипти на странски јазици, туку книгите од најреномираните професори можат да ги користат за своето образование, истакна Нелоски.

Овозможени се и стипендии за успешните студенти и овозможено им е да студираат на најдобрите универзитети во светот и потоа стекнатото знаење да го искористат и применат во Македонија.

pavel-satev

-Денеска речиси во секоја општина младите можат да се пофалат дека имаат повеќенаменско игралиште, ново изградена спортска сала или пак тениски игралишта. Со тоа се помага младиот човек што е можно повеќе да спортува и да се грижи за своето здравје, додаде Нелоски.

Со мерката за вработување на млади до 29 години, во минатите две години се вработија 12.160 млади луѓе.

-Како ВМРО-ДПМНЕ правиме и најразлични обуки преку кои се обидуваме да го зголемиме неформалното образование на младите за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот. Но исто така има и мерки кои на младите кои имаат идеја за свој сопствен бизнис  да им се обезбедат финансиите преку различни грантови или кредити кои што се по многу поволни услови. Со што се овозможува на младите финансиите да не им бодат толку голем проблем за започнување на сопствен бизнис, додаде Нелоски.

Во изминатиов приод ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили ја посети речиси секоја општина во државата, разговараше со младите за да се утврдат нивните потреби и барања. Нелоски истакна дека и во периодот што следи ќе има уште многу проекти наменети за младите како и дека ќе продолжат со истото темпо на работа.