Бројот на демонстрантите во Киев е значително намален

Бројот на учесниците во протестите во Киев, на плоштадот Независност, што траат речиси еден месец, се намалил значително, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Агенцијата коментира дека изгледа демонстрантите се уморни од континуираните протести, а други немаат време за нив, бидејќи треба да одат на работ . Ентузијазмот на демонстрантите изгледа опаѓа исто поради лошото време и наближувањето на новогодишните празници.