Македонија

Бројот на двата аеродрми зголемен за 17,2 отсто

Бројот на двата аеродрми зголемен за 17,2 отсто

Ве информираме дека во периодот јануари-јули 2014 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2013 година.

Имено, во посочениот период од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 704.563 патници односно зголемување од 17.2% во одонос на истиот период во 2013 година, кога биле превезени вкупно 601.345 патници.

Најголем пораст на бројот на превезени патници во однос на предметниот период е евидентирано во месец април 2014 година, кога од двата аеродрома се превезени вкупно 107.037 патници што претставува пораст од 39.6% во однос на истиот месец 2013 година, кога биле превезени 76.653 патници.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во периодот јануари-јули се превезени 668.870 патници односно зголемување од 19.9% во однос на истиот период во 2013 година кога биле превезени 557.836 патници.

Во однос на операции на воздухоплови за периодот јануари-јули 2014 од двата аеродороми „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, извршени се 7794 операции односно зголемување од 9.3% во однос на истиот период за 2013 година, кога биле извршени 7128 операции.

Во однос на превезено Карго (стока и пошта) во периодот јануари-јули 2014 од двата аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св.

Апостол Павле“ во Охрид, превезени се 1846.43 тони односно зголемување од 19.8% во однос на истиот период во 2013 година, кога биле превезени 1540.93 тони.