Бројот на христијани и муслимани ќе биде ист до 2050.

Популацијата на муслимани и христијани во светот би можела да се изедначи до 2050 година, а исламот може да биде најбрзо растечка религија на планетата, објави американскиот истражувачки центар Пју.

Според Пју, во светот ќе има 2,76 милијарди муслимани (29,7 отсо од светската популација) и 2,92 милијарди христијани (31,4 отсто од светската популација), пренесува агенцијата АФП.

Во 2010 година во светот имало 1,6 милијарди муслимани и 2,17 милијарди христијани. Хундистите во половината на векот ќе бидат трета најбројна религијска група (14,9), а зад нив ќе бидат атеистите и агностиците, кои како предвидува Пју ќе бидат 13,2 отсто.

Азијско-пацифичкиот регион ќе има најголема концентрација на муслимани.

Меѓу државите, најмногу муслимани ќе има во Индија.

Според Пју, во Европа, муслиманите ќе сочинуваат 10 отсто од вкупниот број население, а ако продолжи оваа тенденција, тие ќе бидат доминантна религија до 2070 година.