Бројот на повредени полицајци расте

Расте бројот на повредени полицајци во денешните случувања во Куманово.

Во вооружената престрелка засега се повредени 15 припадници на безбедносните сили.

Како што јави „Сител“, тројца од нив се потешко повредени.

Други повредени се примени во кумановската болница, со прострелни рани.

Сите вработени во Ургентниот центар се на работа, а донесени се хирурзи и од останатите клиники.

Според локалните Интернет портали, „се шпекулира дека две вооружени група рано изутрина го запоседнала излезот на градот пред зградата на ЗИК, по што започнала престрелка со полицијата. Едната кај пазарот другата во правец на полициската станица. Во обид да се повлече, групите се повлекле кон т.н Диво Насеље, населба на излез од Куманово, каде била притисната од специјалците. Таму се водела најжестоката престрела, која што стивнала околу 9 часот, но по кусо време пак продолжила.

Според истите извори, друга непотврдена верзија е дека МВР сакала да изврши претрес во куќа во Куманово, по што наишла на вооружен отпор,  пресметката се проширила кон Диво насеље.

Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Од итна помош информираат дека имаат две екипи на терен во тој дел од градот.

Вработените од фирмите кои се лоцирани во западниот дел од градот биле вратени, бидејќи улиците се затворени. Граѓаните оттаму велат дека полиција има на секој чекор и дел од улиците во градот затврени се за сообраќај особено во деловите „Поток Серава“ и „Чик“, објави „Вест“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.