Бројот на пушачи во светот се приближува до една милијарда

Иако пушењето станува се’ помалку популарно во голем дел од светот, вкупниот број на пушачи расте и се приближува до бројката од една милијарда, покажуваат податоците собрание од 187 држави.

Во текот на 2012-та година, вкупно 967 милиони луѓе во светот активно пушеле секој ден, додека таа бројка во 1980-та година била 721 милиони, пренесува „Би- Би- Си“. Порастот на бројот на пушачи е поврзано со порастот на населението во светот.

Бројот на жители во изминатите 50 години во светот двојно се зголеми и достигна седум милијарди, па поради тоа расте и бројот на луѓе кои пушат. Најмногу пушачи доаѓаат од земјите во развој. Но, уделот во вкупното светско население се намали и сега тројца од вкупно десет мажи пушат секојдневно, додека тој удел кај жените е 20. Во 80-тите години од минатиот век пушеле четири од десет мажи, односно една од десет жени.