Бројот на работници во индустријата е зголемен за 7,3 отсто

За 7,3 отсто е зголемен бројот на работниците во индустријата во март 2014 во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи опаѓање од 1.3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.9 отсто, Капитални производи за 86.9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.8 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2014 година , во однос на периодот јануари – март 2013 година е зголемен за 6,9 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.