Бројот на странски туристи и понатаму расте

Бројот на странски туристи во ноември лани, во однос на претходната година, бележи пораст од 1,8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на туристите во ноември лани изнесува 34.113, а бројот на ноќевањата изнесува 79.025. Бројот на туристите во ноември 2013 година, во однос на истиот период претходната година, е намален за 1,9 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 1,9 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 6,3 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за два отсто.

Во периодот од јануари до ноември минатата година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5,7 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за три отсто, а кај странските има
зголемување за 13,4 отсто.

Во периодот од јануари до ноември лани, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Кај домашните туристи има намалување за 4,7 отст, а кај странските има зголемување за 7,8 отсто.