Бројот на туристи во април зголемен за 5 отсто

Бројот на туристи во Македонија во април годинава изнесувал 44.478 и во однос на април лани е зголемен за 5 отсо. Во април се евидентирани 94.033 ноќевања или за 0,6 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Според Државниот завод за статистика, кај домашните туристи во април годинава споредено со април лани има зголемување за 12,4 отсто, и 2,8 отсто на нивнитеноќевања, а на странските за 1,1, кај кои пак има намалување на ноќевањата од 1 отсто.

Во периодот јануари-април годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,5 отсто, кај домашните за 8,4, а кај странските за 0,3. Бројот на ноќевањата е зголемен за 2,2 отсто, при што кај домашните за 3,4, а кај странските за 1,2 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.