Бројот на туристите во Македонија зголемен за 2,3 отсто

Во последните 5 години бројот на туристи во Македонија постојано е во пораст. Од јануари до август 2014 година споредбено со 2013 година забележан е раст на туристи во Македонија од 2,3%, бројот на домашни туристи е зголемен за 2,3% додека на странски туристи за 9%. Овој позитивен раст е резултат на политиките кои ги води Владата за развој на туризмот.

Ова денеска го истакна портпаролот на Владата на Р. Македонија Александар Ѓорѓиев.

Се со цел да продолжи овој позитивен раст Владата донесе одлука да се зголеми износот на субвенциите за привлекување туристи од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија од сегашните 25 на 35 евра по турист.

Ѓорѓиев истакна дека единствен услов за добивање на субвениции е туристите да доаѓаат организирано групно, да имаат минимум 7 ноќевања во Р. Македонија и да доаѓаат со авионски превоз.

За 2015 година најавени се субвенции и за туристи од 6 други држави и тоа САД, Англија, Германија, Казахстан, Азербејџан и Катар.