Бројот на загинати имигранти од превртувањето на брод во Египет достигна 42 лица

Египетската армија инфромира дека бил спречен обид за префрлање нелегални имигранти. Бродот се наоѓал на 12 морски милји од брегот, кога потонал.

Близок на еден од имигрантите изјави дека египетските власти биле предупредени за потонатиот брод, но одговориле дека немаат спасувачки чамци и оти не презеле мерки, јави БТА.

Според египетски медиуми, бродот превезувал околу 600 имигранти. Тие биле од неколку африкански земји. Спасени се повеќе од 150 лица, но од водата се уште се вадат телата на загинатите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.