ВИДЕО: Бројот на загинати од потонатиот јужнокорејски траект достигна 159

Бројот на потврдени жртви при потонувањето на траектот во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја, се искачи на 159 лица.

Над 143 лица се уште се водат како исчезнати, а нуркачките екипи ја продолжуваат операцијата за нивно пронаоѓање.

Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323-та ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект „Севол“ пред една недела. Само 174 лица се спасени во првите часови по несреќата.

Повеќето членови на екипажот се спасени. Дваесетмина од 29-члениот екипаж, меѓу кои и капетанот на фериботот, се приведени по различни обвиненија.