Свет

Бројот на загинати под урнатото скеле во Кина се искачи на 74 лица

Бројот на загинати под урнатото скеле во Кина се искачи на 74 лица

Како што јави ТАСС, во инцидентот се повредени уште две лица.

До синоќа беа идентификувани телата на 68 жртви во несреќата. Повеќето од нив се млади луѓе. Сите работеле на урнатото градежно скеле во кулата. Властите не кажуваат дали под урнатините на конструкцијата има уште затрупани луѓе.

Кинескиот лидер Си Џинпин од провинциската влада побара колку што е можно побрзо да ги утврди причината за уривањето на гредежното скеле.