Бројот на загинати рудари порасна на 282, а под земја се заробени повеќе од 100

 Бројот на загинати рудари после експлозијата во рудникот во турскиот град Соми, се зголеми на 282, изјавил министерот за енергетика, Танер Јилдиз.

Ова е најголема индустриска катастрофа во Турција, а се верува и дека под земја се заробени повеќе од 100 рудари, пренесува агенцијата АФП.
Најголемиот синдикат во Турција, Конфедерација на синдикати на јавниот сектор, повика денеска на масовен штрајк поради несреќата во рудникот.

„ Тие кои продолжуваат со приватизација …политика, кои ги загрозуваат животите на работниците со намалување на трошоците, виновни се за масакрот во Соми и тие мораат да одговараат, соопшил на својот сајт Конфедерацијата на синдикати, кои претставува 240.000 вработени.

Повеќе од 1.000 демонстранти се судрија со полицијата во средата во Анкара, обвинувајќи ја владатаи рударската индустрија за несреќата. Турската влада прогласи тридневна национална жалост.

До сега се спасени речиси 450 рудари, но се’ уште не се знае што го предизвикало пожарот во рудникот, а најверојатно причина за смртта на рударите е труење  со јаглерод моноксид.

Во вторникот, во моментот на несреќата 787 рудари останале заробени во рудникот, а се претпоставува дека до експлозијата дошло поради неисправен електричен трансформатор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.