петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 65

Бројот на загинати во Анкара се искачи на 28 (ВИДЕО)

Извори од турските безбедносни служби тврдат дека зад нападот стои забранетата Курдската работничка партија (ПКК).

Бројот на загинати во Анкара се искачи на 28

Бројот на загинати во Анкара се искачи на 28

Поврзани вести

Расте бројот на загинати и повредени во Анкара. Дваесет и осум луѓе загинаа, а 61 се повредени во денешниот напад во Анкара, изјави портпаролот на турската Влада и вицепремиер Нуман Куртулмуш.

– Како резултат на експлозија на автомобил-бомба до службен автобус со наши војници, што чекаше на семафор, за жал изгубивме 28 луѓе. Во нападот повредени се 61 лица, кои се хоспитализирани. Меѓу загинатите, според првични информации, има војници и цивили, посочи Куртулмуш.

Поради нападот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја откажа утрешната посета на Азербејџан.

И турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој требаше денеска да замине за Брисел, го откажа патувањето.

an

Извори од турските безбедносни служби тврдат дека зад нападот стои забранетата Курдската работничка партија (ПКК).

Претходно, портпаролот на владејачката Партија за правда и развој (АКП), Омер Челик објави на Твитер дека експлозијата одекнала во близина на Парламентот, зградата на Владата  и Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку автомобили се запалени.

Тоа е втор терористички напад годинава во Турција, а минатата година беа извршени два големи напада, во кои загинаа 137 луѓе.

12 јануари 2016 – Единаесет германски туристи загинаа, а 16 луѓе се повредени во самоубиствен напад на бомбаш-самоубиец од Сирија во Истанбул.

10 октомври 2015 – 103 луѓе загинаа и повеќе од 500 се повредени во двоен бомбашки напад за време на мирен прокурдски протест во Анкара, најголем во историјата на Турција. Владата ја обвини Исламска држава дека е одговорна за нападот.

20 јули 2015 – 34 луѓе загинаа и над 100 се повредени во самоубситвен бомбашки напад во градот Суруч, во близина на границата со Сирија. Властите ја обвинија ИД дека е одговорна за нападот.

Најчитани вести