Бројот на загинати во експлозијата во Тјенцин се искачи на 112

Бројот на загинати во експлозијата во Тјенцин се искачи на 112
Бројот на загинати во експлозијата во Тјенцин се искачи на 112

„Билансот на загинати во кинескиот пристанишен град Тјенцин во експлозиите што се случија во средата, се зголеми на 112 лица, откако на местото на несреќата се пронајдени телата на уште загинати, јави денеска Синхуа“.

Судбината на 95 луѓе е сеуште непозната.

Во несреќата се повредени 750 лица.

Нови експлозии и пожари го потресоа вчера Тјенцин, но спасувачите пронајдоа и еден преживеан, кој е извлечен од изгореното складиште, три дена по експлозијата.

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско одржа денеска молитва за жртвите во несреќата во Тјенцин.

„Се молам за сите оние кои ги загубија животите, како и за сите погодени од оваа катастрофа – рече папата Франциско на плоштадот Свети Петар во Рим“.

Тјенцин е главното пристаниште и индустриско подрачје југоисточно од Пекинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.