Бројот на загинати во земјотресот во Кина ја надмина бројката од 400

Бројот на загинати во силен земјотерс кој ја погоди провинцијата Јунан на југозападот на Кина се искачи на 407, јавија кинеските медиуми. Во земјотресот се повредени 1800 лица, не се знае точниот број на исчезнати, а 230 илјади луѓе се евакуирани.

На подрачјето погодено од земјотрес се срушени 80 илјади куќи, додека сериозно се оштетни 124 илјади, пренесува АФП.Повеќе од 18 илјади луѓе се ангажирани во пронаоѓање на преживеаните, но шансите да бидат пронајдени се минимални.

Земјотресот ја погоди провицнијата Јунан во неделата и како што процени кинеската сеизмолошка служба бил со јачина од 6,5 степени според Рихтер, со епицентар под градот Лонгтоушан, на мала длабочина од 10 километри.

Според информациите на Кинеската државна телевизија, тоа е најсилен земјотрес на подрачјето на Јунан во последните 14 години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.