Бројот на загинати во земјотресот во Непал порасна на 4.300 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди Непал порасна на околу 4300 лица. Властите соопштија дека над 8000 лица биле повредени.
Во меѓувреме меѓународната помош започна да пристигнува во земјата. Во Катманду и останатите делови од земјата илјадници луѓе спијат на тротоарите, патиштата и парковите, а некои од нив и во импровизирани шатори.

Индија и Кина се меѓу првите земји кои понудија помош. САД соопштија дека ќе издвојат 9 милиони долари за помош на Непал.