Свет

Бројот на жртви на Појасот Газа достигна над 700 лица

Бројот на жртви на Појасот Газа достигна над 700 лица

Бројот на жртви во израелската воена операција во Појасот Газа веќе достигна 707 лица, а над 4.500 се повредени, соопшти синоќа портпарол на министерството за здравство на Појасот Газа, пренесе МИА.

Во напад на израелската авијација по полноќ врз зграда во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа загинаа едно дете и тројца возрасни мажи.

Според очевидци палестинското крајбрежје е целосно во мрак поради претходниот напад врз главната електроцентрала, додека израелската армија ги зајакнува своите артилериски и воздушни напади.