Свет

Бројот на жртви од ебола достигна 5.459 лица

Бројот на жртви од ебола достигна 5.459 лица

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека досега од ебола загинале 5.459 лица, што е најголема епидемија на болеста во историјата.

Вкупно се регистрирани 15.351 случај на инфицирани лица во осум земји, се наведува во соопштението на СЗО заклучно 18 ноември.

Изминатата недела се регистрирани 39 жртви и 106 нови случаи на заразени.

Според СЗО болеста се уште се шири брзо во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.