Бројот на жртви во Појасот Газа над 800 лица

Бројот на загинати во израелската воена акција во Појасот Газа надмина 800 лица, откако во најновиот напад врз градот Кан Јунис загина најмалку едно лице, соопштија болнички извори, пренесе МИА.

Околу стотина Палестинци загинале во вчерашните напади, покажуваат податоците на портпаролот на службата за итна помош, со што билансот на жртвите во 18-дневната офанзива на Израел врз Газа достигна 800 лица.

„ Тенковска граната погоди семејна куќа во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа“, при што загина најмалку едно лице, изјави портпаролот на службата за итна помош Ашраф ал Кудра.

Ова е најкрвавиот конфликт во Појасот Газа од воената операција во 2009 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.