Бројот на жртвите од потонатиот тракет се искачи на 193

Повеќе од 190 жртви при потонувањето на јужнокоејкиот траект.

Спасувачките тимови успеаја да извлечат денеска тела на четири лица со што бројот на загинати е 193. За исчезнати се сметаат 109 луѓе.

Најголемиот патнички ферибот во Јужна Кореја со носивост од 6825 тони потона на 16 април крај југозападниот брег на Корејскиот полуостров. На бродот имаше 476 патници и членови на екипажот, од кои 325 ученици од јужнокорејскиот град Ансан. Спасени беа 174 луѓе меѓу кои и капетанот и голем дел од екипажот.