петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 27

Бројот на жртви од земјотресот во Еквадор достигна до 272

Ова е најголемата трагедија во последните 67 години.

Бројот на жртви од земјотресот во Еквадор достигна до 272

Бројот на жртви од земјотресот во Еквадор достигна до 272

Поврзани вести

Билансот на жртвите од вчерашниот силен земјотрес во Еквадор достигна 272 лица и може да се зголеми, изјави еквадорскиот претседател Рафаел Кореа во своето обраќање до нацијата.
– Ова е најголемата трагедија во последните 67 години. Се прават напори за пронаоѓање на преживеани под урнатините, истакна Кореа, кој ја прекина посетата на Италија и веднаш се врати во земјата.
Тој нагласи дека досега е потврдена смртта на 272 лица, а 2.068 се повредени, додавајќи дека наскоро во најзагрозените реони се очекува да пристигнат две мобилни болници.
Во шест провинции во земјата е прогласена вонредна состојба.
Еквадорскиот министер за правда Леди Сунига изјави дека околу 100 затвореници избегаа од затвор по земјотресот, од кои 30 биле уапсени во градот Портовиехо, во провинцијата Манаби, која беше една од најтешко погодените од потресот со интензитет од 7,8 степени.
Голем број земји од регионот, меѓу кои Боливија, Колумбија и Венецуела, веќе испратија хуманитарна помош за Еквадор.

Најчитани вести